X
GO

Услугата „Закажи средб@“ е електронски систем за закажување на термин за остварување на средба со даночни агенти во Контакт центарот на УЈП, а со цел консултација за специфични прашања кои се однесуваат на:
1) Општи информации (рокови, начини за пријавување и плаќање даноци и др.);
2) Отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник;
3) Консултации за издадени даночни документи;
4) Утврдување на даноци;
5) Постапки за наплата на долгови;
6) Правни прашања.

За кого се однесува
За сите даночни обврзници кои сакаат да закажат средба за консултации од даночната област.

Како да закажете средба
Закажувањето на средба се врши со повикување на Инфо центарот на УЈП на 0800 33 000 (само од фиксни оператори) или 02/3253 200 и он-лајн преку kontaktcentar.ujp.gov.mk

Постапка за закажување на средба

  • Идентификација
    Идентификувајте се со Вашето име и презиме, ЕМБГ и е-пошта, и дополнително доколку сте правно лице со Вашиот назив и ЕДБ.
    Доколку сакате да закажете средба како физичко лице внесете ги следните податоци за идентификација:
    Име, Презиме, ЕМБГ и е-пошта за физичко лице.
    Доколку сакате да закажете средба како правно лице внесете ги следните податоци за идентификација:
    Име, Презиме, ЕМБГ, е-пошта за физичко лице, Назив на фирмата, ЕДБ и ПИН код за правно лице.
    Полињата се задолжителни освен полето „ПИН код“.
  • Избор на канцеларија и услуга
    Изберете ја канцеларијата во која што сакате да закажете средба и услугата која Ви е потребна.
    Полињата се задолжителни, освен полето „Код на референтен документ“.
     
  • Датум на средба
    Изберете го датумот на средба.
    Закажувањето на средба се врши најрано за следниот работен ден.
     Датумите за средба се зафатени
     Датумите за средба се слободни
     Вашиот избран датум за средба
     
  • Време на средба
    Изберете го времето на средба.
     Термините за средба се зафатени
     Термините за средба се слободни
     Вашиот избран термин за средба
     
  • Потврда за закажана средба
    Потврдете ги информациите за избраната канцеларија, вид на услуга, датум и време на средбата.
    Доколку не сте во можност да дојдете на закажаната средба, потребно е истата да ја откажете или да закажете друг термин.
Пристап до услугата
Нова средба
Промена на средба

Услугата „Информ@” (он-лајн база на знаење) обезбедува пристап, но и брзо и лесно пребарување на архивата на прашања и одговори кои произлегуваат од даночната пракса со цел обезбедување на помош и поддршка на корисниците за правилна примена на даночната регулатива.

Предности на „Информ@”

  • Архива на често поставувани прашања и одговори
  • Унифицираност во примената на даночната регулатива
  • Концизни одговори, подготвени на јасен и разбирлив јазик, со упатување на законот кој е поврзан со конкретното прашање.

Чекори за користење на „Информ@”
За користење на  „Информ@” потребни се 3 чекори:

  1. Посетете ја нашата веб страна: kontaktcentar.ujp.gov.mk
  2. Кликнете на менито „Информ@”
  3. Користете го пребарувачот или директно кликнете на менито за проверка на прашања

Структура на „Информ@”
Прашањата и одговорите во „Информ@” се систематизирани според следните критериуми:

  • Вид (данок, придонеси, МПИН, регистрација, фискализација, е-услуги и други информации и услуги)
  • Поглавја
  • Подпоглавја
  • Прашања и одговори
Пристап до Информ@
Пребарување на НПП
Проверка на прашања
Услугата „Мој профил“ овозможува промена на регистрациони податоци за даночниот обврзник преку Инфо центарот 0800 33 000 (само од фиксни оператори) или 02/3253 200, односно секој даночен обврзник (физичко и правно лице) може да изврши промена/ажурирање на следните податоци кои се водат во Регистарот на даночни обврзници на УЈП, и тоа: адреса на седиште/живеалиште; контакт телефон (фиксен и мобилен); податоци за овластен сметководител (име и презиме/назив, адреса, контакт телефон -  фиксен и мобилен). Заради осигурување на висок степен на безбедност и заштита на податоците, оваа услуга може да се користи со ПИНКОД кој го издава УЈП (види постапка за издавање на ПИНКОД).

Точните адресни податоци и пријавување на истите од страна на даночните обврзници се важни заради навремено информирање и доставување на даночните акти на вистинската адреса од страна на УЈП, со што се избегнува настанување на долгови и пресметување на камати поради непријавени и неажурни адресни податоци.

ПИНКОД е шестоцифрен број кој е задолжителен за идентификација на даночниот обврзник при користење на услугата „Мој профил“ преку Инфо центарот на УЈП. УЈП службено издава ПИНКОД на секој новорегистриран даночен обврзник-правно лице за што му се доставува известување преку пошта. Издавањето, односно доделување на ПИНКОД за даночните обврзници-физички лица се врши со Решението за годишен данок на доход. Во случаите кога даночниот обврзник (правно или физичко лице) не добил посебно известување од УЈП за доделен ПИНКОД, или истиот го заборавил или загубил, постапката за добивање на нов ПИНКОД е едноставна и брза - повикајте го Инфо центарот на УЈП 0800 33 000 (само од фиксни оператори) или 02/3253 200 и известете го даночниот оператор дека ви е потребно издавање на нов пинкод. За доделениот ПИНКОД, даночниот обврзник ќе биде известен преку телефон во моментот на првото јавување или преку е-пошта доколку поседува или ќе добие известување од УЈП преку пошта.

Пријавете неправилности (неиздавање на фискална сметка, вршење на нерегистрирана дејност, затајување на данок, непрофесионално однесување на даночен службеник, недоставена пресметка од исплатувачот на приход...), со повикување на бесплатната телефонска линија 198
Анонимноста и дискрецијата се обезбедени во целост.

Контакт центарот обезбедува маил услуги, односно прием, управување и достава на електронски известувања и пораки до корисниците и целни групи преку е-пошта info@ujp.gov.mk. Ние сме посветени на обезбедување на квалитетна услуга и помош за сите прашања на даночните обврзници и корисниците, но и навремено информирање на целни групи за активностите и работењето на Управата за јавни приходи. Нашата цел е да обезбедиме навремени и ефикасни маил услуги. Маил услугите на УЈП обезбедуваат прием и достава на 28029 електронски пораки годишно (2021 година), а стандардот за одговор е до 15 дена од денот на приемот.   УЈП го задржува правото да одбие, врати или отфрли електронска пошта или пратки кои не се однесуваат или за кои не е надлежна Управата.
Услужни места во Контакт центарот кои обезбедуваат даночни услуги преку директен контакт со странките, и тоа: прием на даночни пријави и барања и други поднесоци, издавање на уверенија, потврди, решенија и други даночни документи, решавање на ОПШТИ ПРАШАЊА кои се однесуваат на: 1) ДДВ регистрација; 2) Фискализација; 3) МПИН (бруто-плата); 4) Поднесување на други пријави и поднесоци; 5) Граѓани - Уверение за остварени приходи; 6) Граѓани - Уверение за платени даноци и придонеси; 7) Фирми - Уверение за платени даноци и придонеси; 8) Регистрација на даночен обврзник. Услугите преку приемните шалтери се достапни секој работен ден од 08.00 до 14.30 часот
Услужни места во Контакт центарот кои обезбедуваат даночни услуги преку директен контакт со странките, по претходно закажана средб@, заради решавање на СПЕЦИФИЧНИ ПРАШАЊА кои се однесуваат на: 1) Општи информации; 2) Регистрација; 3) Консултации за издадени даночни документи; 4) Утврдување и наплата на даноци; 5) Постапки на присилна наплата; 6) Правни прашања. Услугите преку канцелариите за средби се достапни секој работен ден од 09.00 до 15.00 часот.
Инфо центарот на УЈП ви овозможува да заштедите време и да користите лесна и брза комуникација со даночната администрација за општите прашања во врска со оданочувањето, одделните даночни процедури, постапки за плаќање; техничка поддршка за користење на е-даноци; користење на услугата „Закажи средб@“; користење на услугата „Мој профил“, известувања за плаќање на даночни долгови и сл. Повикајте го телефонски број 0800 33 000 (само од фиксни оператори) или 02/3253 200. Нашите оператори се достапни секој работен ден од 07.30 до 16.30 часот.
Услугата „Мобилен даночни шалтери“, овозможува ние да дојдеме кај вас, наместо вие кај нас. Со специјално опремените комбиња како даночни канцеларии, даночниците ги посетуваат населените места каде Управата нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработкa со општините и потребите на локалното население и бизниси. Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации, да ги достават сите видови на даночни пријави и можност за избор на начинот на достава на даночните документи што ги издава Управата за јавни приходи (пр. преку пошта, лично со избор на даночната канцеларија, е-пошта). Возниот ред на Мобилните даночни шалтери се објавува секој месец на официјалната веб страница на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici и на веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk