X
GO

 

 


ПОЛИСА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА UJP.GOV.MK

бр. 21-4660/1 од 16.06.2017
 

 

Општи одредби

Член 1

1) Користењето на UJP.GOV.MK е со целосно прифаќање на Полисата и условите за користење, на сите подолу наведени правила, услови, ограничувања и известувања за корисникот.
2) Со користењето на UJP.GOV.MK, корисникот се согласува и истовремено ги прифаќа Полисата и условите за користење на UJP.GOV.MK.
3) Условите за користење на ujp.gov.mk се составен дел и јавно се објавени на секоја веб ujp.gov.mk апликација управувана и во сопственост на Управата за јавни приходи.
4) Печатена верзија на Полисата и условите за користење на UJP.GOV.MK, и било кое известување дадено во електронска форма ќе бидат прифатливи во судска или административна постапка, врз основа на или во врска со оваа Полиса, а во иста мера и услови како и сите останати деловни документи и евиденција која во оригинал се чува во печатена форма.
5) Содржината на оваа Полиса во оригинална форма е изработена на Македонски јазик и неговото кирилско писмо, а евентуалната достапност на друг јазик и писмо може да биде исклучиво разбрана и користена за информативни цели, кои неможат да предизвикаат никакви правни дејствија, последици или права.
6) Логоата на Управа за јавни приходи  припаѓаат исклучиво на Управата за јавни приходи и неможе да се користат без претходна согласност, освен во случаи на информативни некомерцијални цели. Било која употреба која не е во рамките на договореното со Управата за јавни приходи, на било кој начин, претставува прекршување на правата. Присуството на логото на Управата за јавни приходи не претставува обврска или задолжение превземено од Управата за јавни приходи, и не претпоставува исполнување на обврските превземени од страна на другото лице.

Промена на условите за користење
Член 2

1) Управата за јавни приходи го задржува правото да ги менува Условите за користење, односно правилата, условите, ограничувањата и известувањата за користење на UJP.GOV.MK, вклучувајќи ги, но и неограничувајќи се на трошоците поврзани со употребата на UJP.GOV.MK.

Линкови до трети страни
Член 3

1) UJP.GOV.MK може да содржи врски (линк) до други веб страници кои не се управувани и во сопственост на Управата за јавни приходи, односно линкови до трети страни (линкувани страници).
2) Линковите до трети страни не се под контрола на Управата за јавни приходи и Управата за јавни приходи не сноси никаква одговорност за содржината на било која линкувана страница, вклучувајќи и без ограничување на било кој линк поставен на линкуваната страница, трошоците за или од користењето, или било какви промени и дополнувања на линкуваната страница.
3) Управата за јавни приходи не сноси никаква одговорност во случај на вебкастинг (webcasting), односно во случај на било која форма на пренос примен преку било која линкувана страница.

4) UJP.GOV.MK обезбедува линкови до трети страни само како погодност за корисникот, а вклучувањето на било кој линк не подразбира одобрување на линкуваната страница/содржина од страна на Управата за јавни приходи или било каква поврзаност со оние кои управуваат со содржината/ите на линкуваната страница или трошоците за или од користење на линкуваните страници, вклучувајќи ги и штетите кои можат да се појават од користење на овие линкувани страници или нивните содржини. 

Користење на комуникациските услуги
Член 4

1) UJP.GOV.MK овозможува еднонасочна или двонасочна комуникација помеѓу Управата за јавни приходи и корисникот.
2) Корисникот се согласува да гo користи UJP.GOV.MK за преглед на информации, за објавување, испраќање и прием на пораки и материјали соодветни или поврзани со специфичноста и функционалноста на ujp.gov.mk.

3) Со користењето на UJP.GOV.MK, корисникот се согласува:

  • Да не врши клевета, злоупотреба, вознемирување, следење, заканување, или на било кој дуг начин кршење на законските права на другите (како што се правата на приватност и интелектуална сопственост).
  • Да не врши публикување, објавување, прикачување, дистрибуирање или разменување на било какви несоодветни, навредливи, дискриминирачки, непристојни, незаконски материјали или информации.
  • Да не врши прикачување на датотеки кои содржат софтвер или друг материјал заштитен со закон како интелектуална сопственост (или со права за публикување), освен во случај кога ги поседува или контролира овие права или ги има добиено сите неопходни согласности.
  • Да не врши прикачување на датотеки кои содржат вируси, корумпирани датотеки, или било какви слични софтвери или програми кои можат да го оштетат или попречат функционирањето на корисничкиот информатички уред;
  • Да не врши рекламирање, односно активности поврзани со понуди за купување или продавање на било какви добра и услуги за било какви бизнис цели, со исклучок кога комуникациската услуга конкретно дозволува ваков тип на пораки.
  • Да не презема активности поврзани со спроведување или препраќање анкети, натпревари, пирамидални шеми или врзани/верижни писма.
  • Да не симнува датотеки објавени или прикачени од друг корисник на UJP.GOV.MK, за кои знае или би било разумно да се очекува дека истите неможат легално да бидат разменувани или дистрибуирани на ваков начин.
  • Да не фалсификува или брише авторски права, правни или други соодветни известувања или комерцијални ознаки, или ознаки на потекло, извор на софтвер или друг материјал содржан во датотеката која ја прикачува.
  • Да не ограничува или спречи било кој друг корисник од користење на UJP.GOV.MK.
  • Да не прекрши ниту еден кодекс на однесување или други правила кои се однесуваат или се поврзани со користење на UJP.GOV.MK.
  • Да не собира или на друг начин прибавува информации за други, вклучувајќи и електронски адреси, без согласност на сопствениците на овие информации.
  • Да не прекршува било кој важечки закон или пропис.

4) Управата за јавни приходи нема обврска за постојано следење на содржините објавени од страна на корисникот, а достапни UJP.GOV.MK.
5) Ставовите изразени од корисникот на UJP.GOV.MK не ги одразуваат официјалните ставови на даночната администрација и Управата за јавни приходи се иззема од секаква одговорност.
6) Управата за јавни приходи го задржува дискреционото правото да врши преглед и отстранување на несоодветни содржини објавени преку UJP.GOV.MK.
7) Управата за јавни приходи го задржува правото да го укине или ограничи пристапот за корисникот до која било дел од UJP.GOV.MK, во секое време, без претходна најава и од било која причина.
8) Управата за јавни приходи го задржува дискреционото правото во секое време да открие какви било информации што се неопходни за да ги исполни законските обврски, прописи, законски постапки или владини барања, како и да го уредува/одбие да објави или да отстрани било каква информација или материјал, во целост или делумно по сопствено убедување.
9) Корисникот на UJP.GOV.MK е одговорен за оддавање и точноста на какви било лични информации и податоци за себе и за други.
10) Материјалите прикачени на UJP.GOV.MK може да бидат со ограничени права или време на употреба, умножување и/или распространување/ширење. Корисникот самостојно е одговорен за придржување кон таквите ограничувања, во случај на преземеање на такви материјали. 

Објавување и обезбедување на материјали
Член 5

1) Управата за јавни приходи не поседува сопственост на материјалите што корисниците ги објавуваат преку UJP.GOV.MK (вклучувајќи ги и повратните информации и сугестии) или објави, прикачувања, внесови или линкови до било кои други веб страници или поврзани услуги.
2) Сепак, со објавување, прикачување, внесување, обезбедување или внес на поднесоци, корсиникот одобрува Управата за јавни приходи да го користи поднесокот за цели на интерес на Управата за јавни приходи, вклучувајќи и без ограничување, право да го: умножува, доставува, пренесува, јавно да прикажува и објавува, репродуцира, уредува, преведува и форматира поднесокот и да објавува податоци поврзани со објавата на корисникот.
3) За користењето на поднесокот од корисникот нема да биде даден или обезбеден никаков надоместок или компензација.
4) Управата за јавни приходи нема никаква обврска да објавува или користи било каков поднесок кој корисникот го има обезбедено или отстрането во било кое време на UJP.GOV.MK.
5) Со објавување, прикачување, внесување, обезбедување или поднесување на поднесок, корисникот гарантира и тврди дека ги поседува или на друг начин ги контролира сите права поврзани со поднесокот, вклучувајќи ги и без ограничувања, сите права неопходни за корисникот да го обезбеди, објави, прикачи, внесе или поднесе поднесокот.

Одрекување од одговорност
Член 6

1) Информациите, материјалите, софтверот и услугите вклучени во или достапни преку UJP.GOV.MK можат да имаат неточности или печатни грешки. Промените периодично се внесуваат или додаваат.
2) Управата за јавни приходи и/или нејзините провајдери можат да направат подобрувања или промени на UJP.GOV.MK во секое време.
3) Советите добиени преку UJP.GOV.MK не треба да се користат како основа за носење на лични, правни, финансиски или даночни одлуки и корисникот треба да се консултира со соодветен експерт за специфичен совет усогласен со ситуацијата во која се наоѓате.  
4) Управата за јавни приходи не тврди, ниту гарантира соодветност, сигурност, достапност, навременост и точност на информациите, софтверот, производите, услугите и графиката содржани на UJP.GOV.MК за било која цел. Сите такви информации, софтвер, производи, услуги и графика се достапни, во најголема мера усогласени со важечките законите, без гаранции или услови од било каков вид.
5) Управата за јавни приходи се оградува од сите гаранции и услови во однос на овие информации, софтвер, производи, услуги и графика, вклучувајќи ги и сите гаранции или услови за продажба, соодветност за одредена намена, назив и неповредливост кои би можеле да се подразбираат.
6) Во најголема мера дозволено со важечките закони, во никој случај Управата за јавни приходи нема да биде одговорна за било какви директни, индиректни, казнени, случајни, посебни, последователни штети или било какви други штети, вклучувајќи (без ограничување), штети предизвикани од губење на кориснички права, податоци или профит, кои произлегуваат од или на друг начин се поврзани со користењето или нефункционирањето на UJP.GOV.MK за задоцнето или неможност за користење на UJP.GOV.MK или поврзаните услуги, давање на или неможност за давање на услуги или за било какви информации, софтвер, производи, услуги и графика добиени преку UJP.GOV.MK или на било кој друг начин што произлегува од користењето на UJP.GOV.MK дали врз основа на договор, деликт, небрежност или на друг начин, дури и ако Управата за јавни приходи е известена за можноста од штета.
7) Во најголема мера дозволено со важечките закони, доколку сте незадоволни од било кој дел на UJP.GOV.MK или со било кој од условите за користење, единствено право на корисникот е да го прекине користењето на UJP.GOV.MK

Прекин или ограничен пристап
Член 7

1) Управата за јавни приходи го задржува правото, по сопствено убедување, да го прекине пристапот на корисникот до ujp.gov.mk и поврзаните услуги или било кој дел од неа во секое време, без претходна најава. 

Трговски марки
Член 8

1) Користените имиња на компании или производи на UJP.GOV.MK можат да претставуваат трговски марки на сопствениците. 

Изјава за приватност
Член 9

1) Управата за јавни приходи е посветена на заштита на приватноста на корисникот на UJP.GOV.MK и развој на технологија која дава најголемо и безбедено интернет искуство.

2) Оваа Изјава на приватност се однесува на користењето на UJP.GOV.MK и управувањето со прибирањето податоци и нивна употреба.

3) Со користење на UJP.GOV.MK, корисникот се согласува со практиките за управување со податоците дефинирани во оваа Изјава.

Лични информации и податоци
Член 10

1) UJP.GOV.MK прибира лични информации за идентификација, како што се е-Поштаа, Назив/Име и презиме, домашна или службена адреса или телефонски број, како и други податоци поврзани со или кои произлегуваат од даночните акти кои ги носи Управата за јавни приходи.
2) UJP.GOV.MK собира и демографски податоци како што се возраст, пол, или други параметри поврзани со навиките и однесувањето на корисниците на UJP.GOV.MK; и информации за вашиот информатички уред (хардвер и софтвер) кои се прибираат автоматски преку UJP.GOV.MK, кои може да вклучуваат: IP адреса, тип на пребарувач, имиња на домени и  времето на пристап до веб адреси од страна на корисникот.
Овие информации се користат од страна на Управата за јавни приходи за работа на службите, за задржување на квалитетот на услугите или нивно подобрување, како и обезбедување општи статистички податоци поврзани со употребата на UJP.GOV.MK.
3) Корисникот треба да има во предвид дека доколку директно открива лични информации или чувствителни податоци преку јавни и социјални канали за комуникација достапни преку UJP.GOV.MK, овие информации можат да се собираат и да се користат од страна на другите. Управата за јавни приходи не ги следи и не презема одговорност за приватни интернет комуникации на корисникот.
4) Корисникот треба да е запознаен со политиките за приватност на интернет страниците до кои водат линковите од UJP.GOV.MK за да биде информиран како овие веб портали ги прибираат, користитат и споделуваат информациите за корсиникот.
5) Управата за јавни приходи не е одговорна за политиката за приватност или друга содржина на веб страниците надвор од UJP.GOV.MK.

Користење на лични информации
Член 11

1)   UJP.GOV.MK ги собира и користи личните податоци на корисникот за:

  • работа и испорака на услугите што ги побарал корисникот;
  • информирање на корисникот за други производи или услуги достапни од Управата за јавни приходи;
  • спроведување на анкети и други истражувања во врска со мислењето на корисниците на постојните услуги или потенцијалните нови услуги на Управата за јавни приходи.

2) Управата за јавни приходи не ги продава, изнајмува или дава под закуп сопствените листи со корисници на услуги на трети страни.
3) Управата за јавни приходи, може повремено да го контактира корисникот на UJP.GOV.MK во име на надворешни деловни партнери или соработници за одредени прашања или теми, кои може да бидат од интерес за корисникот. Во тие случаи, информации за лична идентификација на корисникот  (е-пошта, име и презиме, адреса, телефонски број) не се пренесуваат на третите лица.
4) Управата за јавни приходи може да сподели податоци со доверливи партнери за помош при извршување статистички анализи, за испорака на електронска или службена пошта и за обезбедување поддршка и услуги за клиентите. На сите овие трети лица им се забранува користење на лични информации за корисникот, освен за обезбедување на овие услуги на Управата за јавни приходи, и истите се обврзани да ја обезбедат доверливоста на податоците на корисникот.
5) Управата за јавни приходи ги следи страните и каналите за комуникација кои корисниците ги користат при посета на UJP.GOV.MK, со цел утврдување кои услуги или канали за комуникација се најпопуларни. Овие податоци се користат за испорака на кориснички ориентирани содржини, услуги и информирање во рамките на UJP.GOV.MK, за корисниците чие однесување укажува на тоа дека тие се заинтересирани за одредена специфична област.
6) Управата за јавни приходи ќе ги открие личните информации на корисникот, без претходна најава, само ако тоа се бара со закон или во добра верба дека ваквата акција е неопходна за да:

  • се постапи согласно законските одредби или се постапи по судска одлука наменета за Управата за јавни приходи или UJP.GOV.MK;
    е заштити и одбрани право на сопственост на Управата за јавни приходи;
    се дејствува под отежнати околности за да се заштити личната безбедност на корисниците на услугите, или јавноста. 

Користење на „колачиња“
Член 12

1) UJP.GOV.MK може да користи „колачиња“ за да му помогне на корисникот да го персонализира интернет искуството.
2) „Колачиња“ е текстуална датотека што се поставува на вашиот хард диск од страна на серверот на интернет страницата.
3) Колачињата“ не може да се користат за стартување програми или испорака на вируси на  информатичкиот уред на корисникот.
4) „Колачињата“ се доделуваат исклучиво на корисникот, и можат да бидат прочитани само од веб серверот на доменот кој го доделил „колачето“ на корисникот.
Една од основните цели на „колачињата“ е да обезбедат погодни функции и заштеда на време на корсиникот. Целта на „колачето“ е да му каже на веб серверот дека корисникот се вратил на одредена страница. На пример, ако ја персонализирате или се регистрирате на UJP.GOV.MK, „колачето“ помага UJP.GOV.MK да се потсети на вашите специфични информации од последователните посети. Ова го поедноставува процесот на препознавање на личните информации за корисникот, како платежна адреса, адреси за достава, итн. Кога повторно ќе ја посетите UJP.GOV.MK информациите кои претходно сте ги обезбедиле можат да бидат повторно искористени/повикани, со што ќе можете поедноставно да ги користите достапните функции на начин на кој претходно сте ги персонализирале, согласно вашите потреби.
5) Корисникот има можност да ги прифати или одбие „колачињата“. Повеќето интернет пребарувачи автоматски прифаќаат „колачиња“, но обично корисникот може да ги менува подесувањата и да ги одбива „колачињата“, доколку така претпочита.
6) Ако корисникот одбере да ги одбие „колачињата“, може да не биде во можност целосно да ги користи интерактивните функции на UJP.GOV.MK или интернет страниците кои ги посетувате. 

Безбедност на лични информации
Член 13

1) UJP.GOV.MK ги обезбедува личните податоци на корисникот од неовластен пристап, употреба или откривање.
2) UJP.GOV.MK ги обезбедува личните идентификациски информации кои корисникот ги обезбедува на компјутерски сервери во контролирана, безбедна средина, заштитени од неовластен пристап, употреба или откривање.
3) Кога лични податоци (како што се број на платежна картичка) се пренесува на други веб страници, таа е заштитена преку употреба на енкрипција, како што е протоколот „Secure Socket Layer“ (SSL).

Промени на Полисата и условите за користење
Член 14

1) Управата за јавни приходи може повремено ќе ја дополнува/менува Полисата и условите за користење на UJP.GOV.MK за да ги одрази реакциите на Управата за јавни приходи и корисниците.
2) Корисникот треба повремено да ја проверува и чита Полисата и условите за користење на UJP.GOV.MK за да биде информиран за начинот на кој UJP.GOV.MK управува и ги заштитува информациите.

Контакт информации
Управата за јавни приходи ги цени коментарите и забелешките од корисниците.
Доколку сметате дека UJP.GOV.MK не се придржува до оваа Полиса и услови за користење, Ве молиме контактирајте ја Управата за јавни приходи на info@ujp.gov.mk
Ние ќе вложиме соодветни напори за навремено утврдување и решавање на проблемот.