КОНТАКТ ЦЕНТАР НА УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ
Управата за јавни приходи (УЈП) развива и воведува нови канали за комуникација кои овозможуваат брза, ефикасна и навремена даночна услуга, којашто ги задоволува потребите на корисниците и е насочена кон континуирано градење на партнерство со даночните обврзници.
Контактот центарот на УЈП е современ систем на даночни услуги којшто нуди оптимална комбинација на комуникациски канали и развојни решенија, односно обединува информативно - комуникациски, стручно - административни, оперативни и други функции со цел комуникација, информирање, давање на услуги и обезбедување на поддршка на даночните обврзници за цела територијата на Република Македонија во остварување на нивните даночни права и обврски, и врши работи поврзани со координирање и објавување на информации за активностите на Мобилните даночни шалтери за цела територијата на Република Македонија.
Работите и задачите на Контакт центарот се вршат преку две (2) служби:
а) Служба - Повикувачки центар
Повикувачкиот центар обезбедува двонасочна комуникација и информирање на даночните обврзници преку различни комуникациски канали (телефон, пошта, е-пошта, веб алатки, СМС и др.). Врши работи поврзани со: прием на барања пристигнати преку комуникациските канали; одговарање на барања за општи прашања од областа на даноците и поддршка во остварување на права и обврски на даночните обврзници; ги пренасочува барањата за кои е потребно експертско даночно знаење до соодветните лица во УЈП; се грижи и ги координира активностите за обезбедување и достава на навремен одговор на барањето до даночниот обврзник преку комуникациските канали; ажурирање и надградба на база на знаење согласно позитивната законска регулатива и интерната регулатива на УЈП; достава на поединечни унифицирани и масовни известувања (за долгови, рокови, нови услуги, Пинкод и др.) до даночни обврзници преку комуникациски канали, по претходно добиени насоки и податоци од надлежен/и сектор на УЈП; обезбедува услуги за промена и издавање на податоци за даночните обврзници кои се водат во посебните регистри на УЈП; обезбедува услуги за издавање на безбедносни сертификати за користење на електронски сервиси на УЈП; прием на пријави за неправилности (даночно затајување, неправилности поврзани со фискални сметки, непрофесионално однесување на вработен во УЈП, неправилности во надлежност на други институции); пренасочување на пријавите за неправилности до надлежните организациски единици во УЈП и надлежни институции заради понатамошно постапување; води евиденција за постапките преземени од страна на надлежните организациски единици во УЈП и надлежните институции по примените пријави за неправилности.
б) Служба - Приемна канцеларија
Приемната канцеларија ги врши работите што се однесуваат на: овозможување на пристап до обрасци и информативен материјал на УЈП; организира советувања за целни групи во координација со надлежен/и сектор и организациона единица на УЈП; дава појаснување и обезбедува поддршка на даночните обврзници за пополнување на поднесоци до УЈП; прием на сите видови хартиени поднесоци за целата територија на Република Македонија; изведување на визуелни и логична контрола на поднесените поднесоци (задолжителни податоци за подносителот/ составувачот/ потписникот и други релевантни податоци од поднесокот и т.н.); врши класификација на примените поднесоци и нивно пренасочување до надлежните организациски единици во УЈП и надлежни институции; води евиденција за доставените поднесоци до надлежните организациски единици во УЈП и надлежни институции; се грижи и ги координира активностите со надлежните организациони единици на УЈП за навремено издавање на даночни акти и други документи за даночни обврзници; обезбедува советодавни услуги „лице в лице“ и насоки за остварување на правата и обврските на даночните обврзници за целата територија на Република Македонија, во врска со прашања и предмети во надлежност на одделните функции, по претходна координација со надлежната организациона единица на УЈП.